ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ КАЈ БУЏЕТСКИ ФОРМИ НА ОРГАНИЗАЦИЈА

  • Marija Magdincheva Shopova
  • Aneta Stojanovska Stefanova

Abstract

Буџетските организации или субјекти претставуваат посебна форма на деловни субјекти. Овие субјекти имаат обврска да го спроведуваат процесот на сметководство, да составуваат и поднесуваат сметководствени искази во согласност со законската регулатива за сметководство на Буџет и корисници на средства од буџет.

Со  Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници е  уреден начинот на водење на сметководство, деловната евиденција, сметководствените документи и обработката на податоците, признавањето на приходите и расходите, проценувањето на билансните позиции, ревалоризацијата, финансиските извештаи, доставувањето и финансиските извештаи и други прашања во врска со сметководството на Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, буџетите и фондовите, корисниците и единките корисници на средства од буџетите, како и на другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџетите или накратко кажано буџети и буџетски корисници. Преку процесот на буџетско сметководство и финансиските извештаи кои претставуваат финален резултат од процесот на буџетско сметководство се обезбедуваат квалитетни информации за потребите на буџетските организации и сите субјекти кои за извршување на основната дејност користат средства од Буџетот.

Бидејќи овој вид деловни субјекти се карактеризираат со одредени специфичности споредбено со останатите деловни субјекти, предметот на истражување во овој труд се фокусира кон согледување на видот на финансиските извештаи кои ги изготвуваат овие субјекти како и постапката на изготвување, усвојување и доставување до соодветните институции. Во заклучокот од трудот ќе бидат презентирани согледувања и дадени препораки за унапредување на процесите и процедурите за изработка и усвојување на финансиските извештаи кај Буџетот и буџетските корисници.

Published
2023-05-22