ПРАВНА РЕГУЛАЦИЈА И ОПШТ ПРЕГЛЕД НА Е-ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Snezana Bardarova Minov
  • Mimoza Serafimova
  • Natasha Miteva Faculty of tourism and business logistics

Abstract

Во последните години електронската трговија изврши своевидна револуција во глобалниот начин на тргување и во потрошувачките навики. Здравствено економската криза предизвикана од COVID-19 доведе до менување на дел од потрошувачките навики на населението и драстично зголемување на пазарењето преку Интернет. Како последица на оваа ситуација во Република Северна Македонија се повеќе се појавуваат претпријатија кои работат на бизнис модел што се базира исклучиво на Online продажба, без никакво физичко присуство, а истовремено се зголемува и бројот на претпријатијата кои покрај физичкото присуство користат Интернет како дополнителен канал за продажба, комуникација и промоција а кај дигиталните производи истовремени и за испорака. Тоа неминовно ја отвори и потребата за создавање правна рамка во која ќе биде регулиран режимот на деловните трансакции – правната рамка на електронската трговија. Во рамките на трудот ќе се осврнам на законската регулатива на електронската трговија во Република Северна Македонија. Најпрво ќе се фокусирам на теоретските аспекти на електронската трговија (дефинирање, историски развој и класификација), правната регулатива на електронската трговија и на крајот ќе дадам општ преглед на развојот на е-трговијата во Република Северна Македонија после COVID пандемијата.

Published
2023-05-22