МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА РЕАКТИВНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ХОТЕЛСКИОТ СЕКТОР
Abstract
Во овој труд фокусот е ставен на анализа на клучните претпоставки поврзани со начинот на кој треба да се планираат, организираат, воспостават и контролираат активностите во деловните процеси, како и континуираното подобрување на квалитетот во хотелската индустрија. Овие претпоставки се поврзани со: постојаното следење на барањата на модерните туристи, почитување на принципите и стандардите за квалитет, воспоставување функционални организации на бизнисот, постоење на неопходни ресурси (човечки, финансиски и материјални), вклучување на туристите и други субјекти во процесот на создавање и испорака на хотелските услуги и примена на современи технолошки системи во хотелската работа.
Целта е да се обезбеди производ (услуга) кој со својот квалитет ќе ги задоволи или надмине очекувањата на неговите корисници. Целосната одговорност во сите овие активности е во управувачките структури на хотелите.