НОВИ ПРИРОДНИ МОТИВИ ЗА ТУРИСТИЧКО - ПЛАНИНСКА РЕКРЕАЦИЈА ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ПЕЛИСТЕР“
Abstract
Со новото проширување на националниот парк Пелистер во јужниот дел на Баба Планина значително се зголемија зоните на строга заштита, зоните за одржливо користење, а од туристички аспект и зони за планинарење рекреација и други активности. Новиот простор на паркот се карактеризира со вредни природни ресурси, пејзажи и амбиентални вредности атрактивни за посета и престој за домашни и странски туристи.
Цел на овој труд е претставување на новите природни ресурси во паркот, пристапот до нив и користење за туристичко - планинска и друга рекреација. Во трудот ќе бидат дадени податоци за едно глацијално планинско езеро, цирк, валов, врвови со одлични панорами, реки и извори богати со вода, една бара, локалитети за одмор, патеки за планинарење, велосипедизам, простор за полетување со палаглајдер и друго.