АНАЛИЗА НА КВАЛИТЕТОТ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Julijana Sazdova
  • Agim Asani
  • Goran Antonievski

Abstract

Процесот на глобализација, кој денес е сè поизразен, влијае на поинтензивно запознавање на различни култури, навики и потреби на потрошувачите. Ова практично значи дека има динамични и постојани промени на пазарот кои условуваат прилагодување на барањата на потрошувачите со создавање нови услуги и изнаоѓање соодветни модели за подобрување на квалитетот.

Проблем кој ќе се истражува во овој труд е испитувањето на квалитетот на ресторанската понуда во функција на развој на туризмот и угостителството.

Во овој труд преку една сеопфатна анализа на постојната литература се потенцира поврзаноста помеѓу угостителството и квалитетот на услуги, со акцент на ресторанското работење. Нивната анализа има за цел согледување на моменталната состојба и потенцијалот за формирање квалитетен автентичен ресторански производ кој успешно ќе се промовира на пазарот. Источниот дел на Република Северна Македонија изобилува со голем број угостителски објекти, со сопствена историја и културно значење како потенцијал за локален, регионален и национален туристички развој.

Овој труд се заснова на истражување помеѓу гости на рестораните, се со цел да се анализира квалитетот на ресторанската понуда. Квалитетот на ресторанската понуда во функција на развој на туризмот и угостителството овозможува задоволни гости од дадената угостителска услуга, подобра ресторанската понуда на пазарот на конкуренција и остварување на предвидениот стратегиски план.

Податоците кој се добиени за да се утврди квалитетот на ресторанското работење се од теренски и кабинетски истражувања, во кои се применети различни методи и техники на собирање податоци. Со цел да се добие поголема објективност во оценувањето на поставените индикатори, испитувани се гости во угостителски објекти.

Published
2023-05-22