УСЛОВИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И СОЦИОЕКОНОМСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ
Abstract
Општина Кривогаштани се наоѓа во средината на југозападниот дел на Република Македонија, во централниот дел на Пелагонискиот слив. На исток и југоисток се граничи со општина Прилеп, на север со општина Долнени, на запад со општина Крушево и на југозапад со општина Могила. Општина Кривогаштани зафаќа површина од 93,57 км2 и може да се подели на две релјефни целини. Поголемиот дел, кој зафаќа 90% од површината, е рамен дел со главно обработливо земјиште, а вториот дел, кој зафаќа 10% од вкупната површина, е ридско-планински дел, кој е покриен со пасишта. Имајќи ги предвид овие податоци, како и подготвените поглавја од овој труд, можеме да заклучиме дека општината е главен двигател на социо-економските фактори во овој регион, што истовремено укажува дека има големи изгледи за развој и унапредување на туризмот. Во овој труд подетално ќе ги разгледаме информациите за оваа општина, ќе го анализираме социјалниот, но и економскиот развој, се со цел да се утврдат перспективите за развој на туризмот во оваа општина, и колку тој туризам може да има големо значење за подобрување и унапредување на оваа општина