МЛЕКОВОД - УНИКАТНА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО МАНАСТИР СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ, КРИВА ПАЛАНКА
Abstract
Расположливите ресурси, природните знаменитости, производната традиција, сите заедно бараат нови видови на валоризација во Криво Паланечкиот регион. Планинските подачја и нините ресуси посебно се погодни за разој на повеќе видови на туризам, некои од нив се планински, зимски, рурален и еко туризам. Процесот на глобализација, динамичниот развој на технологијата и современата масовна комуникација ги бришат границите меѓу државите и овозможуваат непречен проток на стоки, луѓе, идеи и капитал. Овие процеси создаваат услови за позабрзан развој на туризмот, којшто претставува една од просперитетните стопански гранки на новиот милениум, во кој човекот, поединечно и групно, ќе биде во постојано движење и менување на местото на престој, како резултат на деловни, бизнис, истражувачки, здравствени, едукативни или чисто туристички мотиви. Во вакви услови туризмот, со сите можни видови туристички активности, добива значајно место во локалната и националната економија, во која што, при дејствување на пазарните законитости и актуелните директиви и определби за одржливо користење на природните и создадени ресурси, сите инволвирани субјекти во туристичката дејност се соочуваат со многу предизвици во алокација на капиталот и негово вклучување на домашниот и странскиот туристички пазар.
Овој труд се однесува на истражуваниот Криво Паланечки регион каде што е откриен млековод во самиот Манастир св. Јоаким Осоговски, кој бил измислен и користен од самите монаси кои живееле таму.