ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ТЕТОВСКО КАЛЕ

Authors

  • Emilija Todorovik

DOI:

https://doi.org/10.46763/YFNTS2361251t

Abstract

Културното наследство како основа за развој на културниот туризам и туризмот воопшто се два меѓусебно поврзани комплексни поими. Културното наследство од една страна придонесува за атрактивност и препознатливост на дестинацијата и мотив за посета на истата, а туризмот пак, од друга страна, придонесува за валоризација и промоција на наследството, градење идентитет на дестинацијата, општествен и економски развој. Во овој труд се потенцира поврзаноста помеѓу културното наследство и туризмот, со акцент на тврдините како дел од тоа наследство. И даден е пример за туристичка валоризација на Тетовската тврдина. Валоризацијата има за цел согледување на моменталната состојба и потенцијалот за формирање квалитетен автентичен туристички производ кој успешно ќе се промовира на пазарот. Република Северна Македонија изобилува со голем број тврдини и крепости кои водат корени уште од античко време, а секоја од нив има сопствена историја и културно значење. Како

Во текот на истражувањето вршени се кабинетски и теренски истражувања, при што се применети различни методи и техники на собирање податоци. Туристичката валоризација на Тетовско Кале е направена според квантитативно - квалитативен метод кој е модифициран и составен од индикатори кои даваат јасна и објективна слика за моменталната состојба на тврдината како потенцијален културен туристички производ. Притоа ќе се детектираат и слабостите во менаџирањето со тврдината и ќе се добијат насоки за идни инвестициски зафати. Добиените резултати може да се користат за креирање краткорочни и долгорочни планови за иден туристички развој.

Downloads

Published

22.05.2023

How to Cite

Todorovik, E. (2023). ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ТЕТОВСКО КАЛЕ. Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century, 6(1), 253-265. https://doi.org/10.46763/YFNTS2361251t