ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ ЗА ДЕЛОВЕН РАЗВОЈ: ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРЕДИЗВИКОТ ВО МОЖНОСТ

  • Marija Magdincheva Shopova Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia
  • Aneta Stojanovska Stefanova Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia
  • Kristina Komnenovik Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia

Abstract

Во денешниот глобализиран свет, бизнисот брзо се развива доколку владеат иновациите и приспособливоста. За таа цел, нагласено значајна е улогата на претприемачките вештини во поттикнувањето на успешен деловен развој. Уште во минатите  децении, се потврди дека претприемништвото не само што го олеснува започнувањето на нови бизниси, туку и претставува катализатор за иновации, технолошки напредок и економска стабилност.

Соочувајќи се со постојаните промени во глобалната пазарна динамика, претприемачите треба да развијат исклучителни вештини за да можат да се прилагодат на новите услови, да се развуваат и да просперираат. Затоа, анализата на претприемачките вештини станува важен аспект во разбирањето на факторите кои ги обликуваат успешните претприемачи и компании. Овој труд има за цел да истражи и анализира различни аспекти на претприемачките вештини и нивното влијание врз деловниот развој. Преку теоретско дескриптивен метод трудот ќе ги прикаже совремните модели на претприемнички вештини кои ги трансформираат предизвиците во можности.

Published
2024-05-30