ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО – ПРЕДИЗВИК, МОЖНОСТ, ФЕМИНИЗАМ

  • Mimoza Serafimova Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia
  • Ruzica Nikolova Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia

Abstract

Овој труд го анализира значењето на женското претприемништво како важен двигател на економијата, потпирајќи се на способностите, креативноста и претприемачкиот дух на жената. Согледувајќи ги жените претприемачки кои носат иновации во деловниот свет, де факто дава право да ја потврдиме вредноста од аспект на создавање нови работни места, а со тоа и економски раст. Целтта на овој труд е да ја акцентира оваа улога, да го промовира женското претприемништво од локално, па се до глобално ниво. Користејќи соодветна методологија и обработка на најнови податоци, трудот ги потврдува придобивките од женското  петприемништво и дава препораки за потребните реформи кои треба да произлезат од владата, бизнис заедницата и општеството како целина.

Published
2024-05-30