ТУРИСТИЧКИ ПАРАЛЕЛИ: КРУШЕВО-БЕРОВО

  • Nikola V. Dimitrov Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia

Abstract

Трудот е оригинален во кој се истражуваат туристички паралели или споредби меѓу два слични но и различни македонски градови. Изнесени се најважните туристички паралели на два мали града Крушево и Берово, кои децении практикуваат туризам. Иако градови се наоѓаат на спротивни страни од државата, сепак имаат сличности кои ги поврзува, но и уникатни специфики. Во анализите изнесени се повеќе карактеристики својствени за нивниот туризам. Прво се анализираат главните туристички мотивски фактори. Посебно се задржуваме на атрактивните мотиви: природно - географски (релјеф - планини, клима, хидрографија, вегетација и др.) и антропогено - географски (историја, етнографија, традиција, архитектура, културно наследство, цркви, манастири, музеи, манифестации и др.), со кои располагаат градовите и истоимените општини. Потоа се анализираат рецептивните мотивски вредности (сместувачки капацитети - хотели, вили, апартмани, одморалишта, спа ресорт, угостителски објекти - ресторани, кафеани, пицерии и други објекти), па комуникативните мотивски  вредности (сообраќајна комуникација - патна мрежа и другите комуникативни мотиви, ски центар и атракции - палаглајдерство). Втор сегмент во анализата се туристичките движења од подолг временски период (туристи, ноќевања и нивното учество на регионално и национално ново). На крајот завршуваме со заклучни согледувања и препораки. Во трудот се користи обемна литература и други извори.

Published
2024-05-30