НОВИ ТРЕНДОВИ И ПРИМЕНА НА ИНОВАЦИИ ПОРАДИ УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ВО РЕСТОРАНСКАТА УСЛУГА

  • Julijana Sazdova Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia
  • Goran Antonievski

Abstract

Проблеми кои ќе се истражуваат во овој труд се новите трендови и нивната примена на иновации се со цел да се унапреди квалитетот на ресторанската услуга.
Еден од трендовите е зголемувањето на автоматизацијата на работниот процес, што во пракса се состои од безжични уреди за полесно примање на налози, водење евиденција за нарачки, наплата и слично. Придобивките од зголемувањето на автоматизацијата се помалку грешки при примање и издавање налози, увид во фреквенцијата на нарачување одредени оброци, увид во можноста или неможноста за издавање на одредени оброци или пијалаци, побрза наплата, 
можност за резервација за следниот пат, автоматско наплата попусти и многу повеќе. Присуството на информатичка технологија не мора да биде исклучиво видливо за гостите. Овие технологии најдоа примена и во просторите што ги користи исклучиво персоналот (кујна, магацини и сл.) и од голема важност е можноста за поврзување на неколку различни уреди преку компјутери. Овој вид технолошка иновација овозможува надзор над текот на работењето и контрола на исправноста на уредот, што овозможува навремено реагирање и отстранување на сите неправилности. Употребувањето на новите трендови со помош на информатичка технологија може да се искористат за истражување на пазарот, така што класичното теренско истражување се заменува со други методи.  Kоментарите на потрошувачите, кои се достапни на веб-страницата, даваат можност да ја следат конкуренцијата, да ги следат нивните иновации, промоции и други релевантни активности што можат да влијаат на унапредување на квалитетот на ресторанската услуга. 

Published
2024-05-30