БРАНОТ НА ПРОМЕНИ ВО ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ХОТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА
Abstract
Тоталното управување со квалитетот (TQM) е нов пристап во менаџментот во насока на континуирано подобрување на квалитетот на сите активности на претпријатијата. Затоа и целта на трудот е да се направи анализа на постоечката состојба во хотелската индустрија, да се анализираат можностите за унапредување на деловните процеси во хотелиерството, но и да се предложат насоки за подобрување на истите. Оптимизирањето на деловните процеси нуди многу придобивки што можат да им помогнат на хотелските системи да „останат во живот“ во бранот на промени како: усогласеност на пазарот, намалени ризици, искористеност на ресурсите, обезбеден квалитет и сл.
Published
2024-05-30
Section
Tourism, hospitality and gastronomy