ОПШТИ КАРЕКТЕРИСТИКИ И КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ХОТЕЛИ (состојба 2023)

  • Dushica Mateta Gigova Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia
  • Nikola V. Dimitrov Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, R.N. Macedonia

Abstract

Во овој научен труд посебен акцент ќе ставиме на сместувачките капацитети во Република Македонија во 2023 година. Еден од главните елементи преку кој ќе ги категоризираме хотелите и нивните услуги ќе биде нивното декларирањето, но и квалитетот кој го нудат хотелите. Најширокото сфаќање за квалитетот како поим е создавање на одреден производ или услуга без грешка, односно со најмала веројатна грешка. Тоа значи дека со карактеристиките на производот треба да имаме обезбедено задоволителен критериум не само за нас туку и за потрошувачите, односно корисниците на услугата. Во овој случај тоа се хотелските гости.
Овој труд е замислен како дел од научно-истражувачката работа, целта е преку анализата на хотелските услуги, да се согледаат проблемите со кој се соочува македонскиот хотелски туризам. Македонските хотели во последната деценија се трудат и вложуваат многу за да бидат израмнети со светските трендови. Сите тие се трудат да бидат категоризирани и во своето работење да ги заслужат хотелските ѕвезди кои се синоним за квалитетот и успешноста на нивното работење.
Со оглед на тоа дека во Република Македонија постојат различни категории на хотели и сместувачки капацитети нивните карактеристики се сосема различни и разновидни. Но, заклучно гледано од секој аспект сите имаат удел во градењето на хотелисерството и туризмот како гранка. Карактеристиките на хотелите во Македонија се еден од најважниот предуслов за нивната посетеност. Хотелиерството дефинитивно постои за да му удоволува на човекот или во туризмот, хотелиерството е во функција на човекот – турист 

Published
2024-05-30