ПРИМЕНА НА ТЕОРИЈАТА НА ИГРИ И НЕШОВАТА РАМНОТЕЖА ВО ХОТЕЛСКОТО УПРАВУВАЊЕ
Abstract
Теорија на игри е применета математичка дисциплина и настанала како одговор на потребата за донесување одлуки и нејзините методи се покажале како успешни алатки за анализа на конфликтни ситуации и стратешки интеракции особено во економијата базирана на знаење. Употребата на теоријата на игри го олеснила процесот на носење одлуки во сите деловни сегменти. Таа е еден од можните начини за толкување на однесувањето на човекот и избор во конфликтни и делумно конфликтни ситуации. Развојот на современите технологии на ML, NN и АI за обработка на големи множества податоци, во денешно време возможуваат стратегиите за победа во игрите да станат една од основните алатки за пресметливост со брзи перформанси како и со голема веројатност да гарантираат добар избор на решение во процесот на донесување одлуки. Во трудот е прикажан случај на примена на една од игрите во процесот на носење одлука и управувањето со ризик во хотелски ланец во Р.С.Македонија, каде е исбрана кооперативна стратегија.