СПОМЕНИЧКАТА РЕНТА - МОЖНОСТ ЗА СИСТЕМСКИ ОДРЖЛИВ ФОНД ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, ПОСЕБНИ ОБЛИЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И УЛОГАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА КАКО ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА
DOI:
https://doi.org/10.46763/YFNTS2471264jAbstract
Овој труд обработува тема за законски спој, односно создавање системска државна основа за промоција на заштитеното културното наследство во функција на развој на туризмот и издигнување во силна самостојна стопанска гранка во македонската држава. Покрај македонската основа во делот Посебни облици на користење на културното наследство од Законот за заштита на културното наседство и можностите што ги нуди Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во однос на логистичката поддршка која се однесува на локалната самоуправа за инфрастуктурна достапност до културното
наследство и обезбедување соодветни јавни објекти, тука е образложен и начинот на уредувањето на клучниот облик на користење на културното наследство во Хрватска, односно споменичката рента, како и податоци од придобивките од нејзината примена во практиката во оваа држава. Сето ова како систем влегува во делот на интегрираната заштита на културното наследство, која според официјалната законска дефиниција подразбира „вкупност од мерки за зачувување и активно вклучување на недвижното културно наследство во животот на заедницата како фактор на одржлив општествен развој, особено во областа на планирањето и уредувањето на просторот, инвестиционата изградба, заштитата на животната средина и природата и друго. Кажано со други зборови, заштитата на културното наследство нема цел да го запре современиот начин на живеење, да го конзервира „времето“, ами треба да биде во негова функција, т.е. да обезбеди долговечност на наследството и приспособување кон потребите на општеството. Во таа насока, факсимилната заштита е средиштето која овозможува
доловување на историската визура на споменичките целини без да се запре современиот развој на државата.
Downloads
Published
Issue
Section
License
The intellectual property and copyright of the original content in all scientific contributions within the published paper shall remain with the authors. The authors grant ISCTBL permission to publish the paper. All authors agree to publish the paper under the Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License (CC BY-NC-ND 4.0).