МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ОЦЕНКА НА СТАБИЛНОСТА И СПОСОБНОСТА НА ПРОЦЕСИТЕ
Abstract
Истражувањето во овој труд има за цел да понуди нов модел во организацијата на деловните процеси преку проактивно работење кое започнува со анализа на деловната организираност, потоа се продолжува низ анализата на барањата на интерните и екстерните купувачи, а се завршува со детално дефинирање на процесот. Управувањето со процесите како клучен фактор за освојување на купувачите, значи континуирана потрага по најдобри технички, технолошки, маркетиншки и други унапредувања и подобрувања кои ќе ги произведат саканите резултати, а тоа е задоволството на потрошувачите и профитот.
Стремежот на македонските организации е во правец на создавање услови за пласман на македонските производи/ услуги со повисок квалитет на светските пазари. Усвојување и имплементација на предлог методологијата што се предлага во овој труд, а се однесува на оценката на стабилноста и способноста на процесите може да доведе до нивно унапредување, сè со цел да се остварат што е можно повисоки деловни резултати на задоволство на сите заинтересирани страни.