СТРАТЕШКО МЕНАЏИРАЊЕ И ЕКОНОМСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ВИНСКИОТ ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Во услови на зголемен интерес за одржливи и тематски форми на туризам,винскиот туризам се појавува како стратешка можност за економски раст и рурален развој во Република Северна Македонија.Винскиот туризам представува специјализиран туризам кој ги поврзува гастрономските и културните вредности на виното со патувањата,искуствата и откривањето на автентични дестинации.
Оваа форма на туризам во последната деценија стана важен економски двигател во многу земји,посебно во оние со силна традиција во производство на вино.Овој труд ја истражува врската помеѓу стратешкото менаџирање и економската ефикасност во развојот на винскиот туризам во Р.С.Македонија.Врз основа на анализата на историјата на винската индустрија,географската поделба на региони и актуелната понуда на винарии,настани и вински патеки,трудот ја нагласува важноста на стратешкото планирање за економски раст.Посебно внимание посветено на планирањето на туристичките производи,маркетинг стратегиите,брендирањето, како и улогата на приватниот и јавниот сектор.Преку анализа на индикаторите за економска ефикасност-како што се приходите од извоз,растот на винскиот туризам и локална вработеност-се утврдува значителниот потенцијал на секторот за подршка на економскиот развој.
Идентификувани се главните предизвици ,но исто така дадени се препораки за нивно надминување .Заклучно,трудот покажува дека со добро управување Р.С,Македонија може да ја зацврсти својата позиција како винска дестинација на европскиот пазар и да обезбеди долгорочен економски и туристички развој.