МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО СОСЕДСТВОТО, ДИЈАСПОРАТА И СВЕТОТ

  • Никола В. Димитров Faculty of tourism and business logistics, Goce Delcev University, Stip, North Macedonia

Abstract

Главна цел на трудот е поставување насоки за евидентирање и документирање на македонското културното наследство кое се наоѓа во соседството,  дијаспората и светот, и нејзино менаџирање преку организирани туристички посети на значајни места, објекти и настани. Текстот е поделен во три дела. Во првиот дел се споменува поделба на македонското културно наследство кое се наоѓа во соседството, дијаспората и светот, и тоа според период на настанување, според значење, својства и загрозеност. Потоа, дадени се насоки како тоа културно наследство да се евидентира и документира.  Во вториот дел даден е преглед на македонско културно наследство (места, објекти и настани) кое се наоѓаат на простори во соседните држави. Потоа, изнесени се предлози како културното наследство туристички да се менаџера за посета од страна на туристи од Македонија. Во третиот дел се споменуваат места, објекти и настани кои ги има во дијаспората и светот а се важни за македонскиот идентитет. Дадени се предлози како културното наследство да се евидентира и туристички менаџера за посета од страна на туристи од Македонија. Во Заклучокот даваме согледувања и примери на успешна туристичка реализација на дел од наведените македонски културни наследства во соседството, дијаспората и светот. Предлагаме и препорачуваме како оваа активност во континуитет да биде мотивирана и поддржана од разни институции на македонската држава и пошироко од македонската дијаспора. За оформување на трудот користена е литература и други извори.

Published
2025-07-02