ПРИМЕНА НА АНАЛИТИЧКИ ПРИСТАП НА МЕНАЏМЕНТОТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ОДЛУКИ ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ ВО Р. МАКЕДОНИЈА
Abstract
Со менаџерските активности потребно е да се решаваат проблемите кои настануваат во текот на функционирањето на туристичкото претпријатие. На таков начин се осигурува реализирањето на саканата состојба, односно реализирање на целите на претпријатието од областа на туризмот. Суштината на менаџерските активности е донесување на одлуки. Менаџерските одлуки се донесуваат во ситуации кои се карактеризираат со потреби за акција и постоење на повеке правци на акции. Едновремено поврзување на наведените активности во функција на донесување на правилни одлуки претставува основен услов и задача на финасискиот менаџер. Се разбира, сето тоа во насока на постигнување на крајната цел, зголемување на богатството на акционерите. Во таа смисла, финасискиот менаџмент, а посебно во туризмот треба да даде одговор на оптималната употреба, односно користење на средствата, обезбедување на извори на финасирање, обезбедување на оптимален трошок на ангажираниот капитал, одлучувањето за распределба на добивката, политиката на дивиденда, со цел остварување на наведената крајна цел.
Примената на аналитичкиот пристап во донесувањето на финасиските одлуки во претпријатијата од областа на туризмот во Р. Македонија е мошне значајно за поефикасно и поефективно реализирањето на целите.