ФУНКЦОНАЛНАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ЗА ТУРИСТЧКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

  • Александар Јорданоски Министерство за култура и туризам, Р. С. Македонија

Abstract

Македонскиот модел на заштитата на културното наследство изминативе 21 година се заснова на првиот македонски Закон за заштита на културното наследство, со што се создаде автохтон модел на дејствување во преметната област. Oвој правен акт со статус lex generalis понуди квалитативен пристап кон културното наследство во однос на терминолошкото дефнирање на поимите со кои се оперира. Па така, се напушти терминот споменик на културата, што подразбира исклучиво материја, а се воведе терминот културно наследство, создавајќи можност за системно вклучување и на нематеријалните добра. Со ова, колективната меморија како цивилизациската продобивка од претходните генерации доби статус на организирано внимание од државата. Исто така, формирана е и Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура  (сега и туризам) за извршување на управно-правните работи, т.е. јавните функции, со што требаше да се што овозможи единствен пристап при спроведување на законските норми на целата територија државата. Но овој модел на институционално дејствување констатира низа слабости, односно непотребни, а во многу случаи и редундандни административни постапки во делот на облигаторната комуникација на релација Министерство за култура и туризам - Управа за заштита на културното наследство - национални и локални установи, како и со имателите на поединечни недвижни културни добра. Практичината примена на овој модел покажа и апсурдни бирократски чекори кои само ја оптоваруваат самата суштина на заштитата на културното наследство, а тоа е зачувување, претставување и пренесување на идните генерации, а со тоа и самата туристичка презентација, толку многу потребна во додадената вредност на Министерството за култура.

 

Published
2025-07-08