КУЛТУРАТА ВО ДОКУМЕНТИТЕ ОД СТРАТЕГИСКИ КАРАКТЕР
DOI:
https://doi.org/10.46763/Keywords:
културно наследство, стратегија, туризам, финансирање, децентрализацијаAbstract
Во трудот се анализира содржината на Националната стратегија за развој на културата 2026 - 2030, како документ што нуди опсежна и темелна анализа за состојбата на културата во РС Македонија. Преку критички и аналитисчки осврт се разгледуваат институционалната поставеност и функционалноста на културниот систем, моделите на финансирање, рационализацијата на установите и процесот на децентрализација. Посебно внимание е посветено на заштитата на културното наследство, интегрираната заштита, дигитализацијата, недостигот од стручен кадар и потребата од расчистување на долгогодишната документациска проблематика. Трудот ги обработува и можностите за економско активирање на културното наследство преку туризмот, концесиите, јавно-приватните партнерства и културните и креативните индустрии. Воедно, се отвораат прашањата за даночната политика, инвестициите, законската регулатива и улогата на македонскиот јазик како дел од културниот и идентитетскиот континуитет на државата. Оттогаш до денес речиси ништо не е направено по ова прашање. Увидите извршени од Националниот конзерваторски центар во последниве години констатираат забрзана деградација токму на тие објекти, кои предолго биле оставени на листа на чекање. Кај голем дел од нив состојбата е значително влошена, а некои дури ги изгубиле и својствата за евидентирано културно наследство. Дополнителен проблем претставува и ретката населеност во руралните средини каде што најчесто се наоѓаат овие објекти. Само со јасно согледување на оваа состојба ќе може да се утврдат приоритетите за заштита и соодветно да се планира буџетот за културното наследство во Министерството за култура и туризам.
References
1. Јован Ристов. Инструменти за заштита на културното наследство. Принт поинт. Скопје, 2008.
2. Јован Ристов. Интегрирана заштита на културното наследство - правни аспекти. НУ Конзерваторски центар - Скопје. Скопје, 2011.
3. Јован Ристов. Правна заштита на македонското културно наследство - огледи на протекторската свест во постсоцијалистичкиот период. Макдонски национален комитет на Синиот штит. Скопје, 2021.
4. Аналитички материјали на Министерството за култура и туризам.
Downloads
Published
Issue
Section
License
The intellectual property and copyright of the original content in all scientific contributions within the published paper shall remain with the authors. The authors grant ISCTBL permission to publish the paper. All authors agree to publish the paper under the Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License (CC BY-NC-ND 4.0).