СРЕДСТВАТА НА ИПАРД ВО ФУНКЦИЈА НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАН

Authors

  • Violeta Madzova

Abstract

Развојот на туризмот во Дојран претпоставиува креирање на сеопфатна туристичка понуда не само во неговиот урбан дел , туку и во околните рурални области. Имено комплексната туристичка понуда претпочита многу повеќе од поволна клима , природни убавини, добри сместувачки и угостителски капацитети.Секоја туристичка дестинација , вклучително и Дојран , треба да идентификува свој микро регион ( клучната туристичка дестинација и околината), со цел понатаму да изгради комплентна туристичка понуда за истиот. Всушност овој концепт на развојот на туристичките микро региони, во голема мера може да биде финасиски поддржан од европските и други фондови за руралниот развој , а во таа смисла и руралниот туризам.

Кога станува збор за Македонија, особено се интересени средствата кои се доделуваат во рамките на ИПА програмта за рурален развој (ИПАРД) со посебен фокус на мерките Мерката 302 -Диверзификација и развој на руралните економски активности и Мерка 202 – ЛИДЕР пристап за развој на руралната економија

Published

2015-04-22