СЕКОЈДНЕВНОТО КОРИСТЕЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ НОСИИ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ КАКО ЕДНА РАЗВОЈНА ТОЧКА ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН

Authors

  • Vangja Dimitrijeva Kuzmanoska

Abstract

Се смета дека традиционалните носии се етнички симбол на секоја етничка заедница и носители на корењата на еден народ. Преку сложените културно- историски и етнички процеси на Балканот, кај македонските народни носии се користени многу елементи, зависно од нивнатата материјална и социјална положба и со користењето на истите тие и припаѓаат на балканската култура, а некои елементи ја покажуваат и средноземноморската и југоисточната култура.

Исто така значаен фактор во развивањето и креирањето на традиционалните народни носии имала и ориенталната култура која била предизвикана од владеењето на Осмалинските Турци. Разните влијание и струењето на повеќето култури допринело за развојот на голем број традиционални носии, да го одбележат и оформат кодот на секоја етничка заедница која и припаѓа на македонското тло.

Како еден од основните факти за постоењето на разните етнички заедници се традиционалните носии, кои во денешно време се заштитени во историските музеи ширум земјава и со тоа ни помагаат за момент да влеземе во минатото на нашите предци и да допреме до нивниот богат живот кој го воделе. Користењето на волната како основен материјал во изработката на традиционалните носии го покажува и моментот на богатата култура на населението кое живеело во тоа време.

Published

2015-04-24