РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН

Authors

  • Petranka Chalkov

Abstract

Обработената материја одговара целосно на поставената цел и е од голема корист за придонес во развојот на туризмот во Дојран.

Изработката на семинарската работа се состои во детализирање на елементи од Дојранскиот крај, Дојранското Езеро воопшто, состојбата со рибарството и аквакултурата во изминатиот период.

Мерки и активности за користење на рибите од риболовните води, за планско експлоатирање на рибите на одржлив начин, заштита на рибите, контролиран излов, подобрување на постоечките и имплементирање на нови риболовни техники за вршење стопански риболов, а се со цел зачувување на природните ресурси и снабдување на пазарот со квалитетна и безбедна храна (риба). Исто така, за дел од риболовните води се предвидуваат и активности за враќање на традиционалниот начин на риболов, а со тоа и на заживување на руралните подрачја.

Комплексноста, сложеноста и ефективноста која треба да ја донесе оваа семинарска работа се состои во зголемено искористување на капацитетот од Дојранското Езеро и придонес за развој на рибно производство кое може да донесе економско зајакнување на општината и побрз развој од аспект на туризмот.

Downloads

Published

2015-04-24