ПОРТРЕТИРАЊЕ ПРЕКУ ДЕСКРИПЦИЈА (За портретите на Францка и Лојзе во романот „На пругорнината“ од Иван Цанкар)

  • Lusi Karanikolova Cocorovska

Abstract

Оваа статија се занимава со третман на ликовите, односно
портретите на мајката Францка и синот Лојзе од романот „На пругорнината“
од Иван Цанкар. Станува збор за теориски приод кон овие категории, така
што се прави разлика меѓу ликот и портретот, за потоа да се укаже на нивната
поврзаност и (можна) произлезеност од описот, како засебен наративен ентитет.
Всушност, белезите на ликовите до кои се доаѓа преку класичните постапки на
портретирање упатуваат на цврстата поврзаност со дескрипцијата во овој роман.

Published
2018-12-22