ФОНЕТСКО-ФОНОЛОШКИ СИСТЕМ ВО ГРАДСКИОТ ВИНИЧКИ ГОВОР
Abstract
Предмет на овој труд се фонетско-фонолошките карактеристики на
говорот на населението во стариот дел на Виница. Анализата е правена врз
основа на говорот на три генерации, родени во три периоди: 1930 – 1940 година;
1960 – 1970 година.; родени по осамостојувањето на РМ. Преку извршениот
преглед на вокалниот и консонантскиот систем констатирано е дека овој говор
се вклопува во рамките на југоисточното наречје и во однос на појдовниот
прозодиски систем не претрпел поголеми фонолошки промени, но се извршиле
многу морфолошки промени, односно поместувања на местото на акцентот, при
што извесни специфики се јавуваат во говорот на помладата генерација.