ПРОБЛЕМАТИКАТА НА ДРУГОСТА ВО РОМАНОТ „ПРОРОКОТ ОД ДИСКАНТРИЈА“ ОД ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ

  • Mimica Aleksovska

Abstract

Во овој труд се елаборирани аспектите на другоста во романот
„Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски. Во романот е специфична
проблематиката на другоста, затоа што таа се поврзува со прашањата за
националниот идентитет, религијата, културата, различноста. Во првиот дел од
трудот станува збор за терминот другост, неговото значење, и за тоа кои сè
аспекти може да ги анализираме преку другоста. Понатаму, преку конкретни
примери од романот е покажана другоста на македонскиот народ (од аспект
на супериорност и инфериорност со другите нации и култури). На крајот е
направена една поделба на интеркултурната комуникација во романот и издвоени
се два вида комуникација: расистичка интеркултурна комуникација и толерантна
интеркултурна комуникација. Со сите овие делови, на крај, ја потврдуваме и
основната идеја во романот која може да се протолкува и како еден повик до
македонскиот народ за едно будење, за спознавање на себеси, за откривање на
нашиот идентитет и потврда за постоењето на нашиот посебен јазик, култура,
религија и идентитет.

Published
2018-12-22