АНАЛИЗА НА ПРЕВОДОТ НА ПЕСНАТА „ВЕЗИЛКА“ ОД БЛАЖЕ КОНЕСКИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

  • Pamela Filipovska

Abstract

Во овој труд ќе го анализираме преводот на песната Везилка од
Блаже Конески на повеќе рамништа: фонолошко, морфолошко, синтаксичко,
лексичко и семантичко, а со тоа ќе ги откриеме проблемите и тешкотиите кои
настануваат при преведување на песна која има богата историска позадина и
изобилува со стилски фигури. На фонолошкото рамниште ќе ги воочиме римата,
анафората и структурата на стихот; на морфосинтаксичко ниво ќе разгледаме
дали има опчекорувања и инверзија. Потоа, на лексичко ниво ќе ги разгледаме
зборовите кои претставуваат архаизми или такви кои оставаат посебен ефект
врз читателот. При анализата ќе ги согледаме разликите и сличностите помеѓу
англиската и македонската верзија, а со тоа ќе ја покажеме и врската помеѓу
двата јазика, но и уникатноста и комплексноста при преведување на поезија.
На крај, ќе ги сумираме анализите на отстапувањата при преводот на Везилка и
причините поради кои сенаправени.

Published
2018-12-22