АСОЦИЈАТИВНОТО ПОЛЕ НА СТИМУЛУСОТ ГЛУП ВО АСОЦИЈАТИВНИТЕ РЕЧНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ, СРПСКИОТ, БУГАРСКИОТ И РУСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Асоцијативните речници помагаат во разграничување на основното од типичното
значење на лексемите. За да се дојде до основното значење на некои зборови (глаголи и
придавки), потребно е да се разоткрие типичната вонјазична ситуација која е во врска со
дадениот збор. Описните придавки најчесто ги опишуваат особините на луѓето, но и на
предметите и на појавите. Откривањето на нивното основно значење, значи откривање на
типичните ситуации за тие особини, како и типичните учесници за нив.
Во овој труд ќе ги анализираме асоцијативните полиња на стимулусот глуп во асоцијативните
речници на македонскиот, српскиот, бугарскиот и рускиот јазик.