РАЗЛИКУВАЊЕ НА ПАРОНИМСКИТЕ ПАРОВИ СОСЕДСКИ ‖ СОСЕДНИ И КОМУНИКАТИВНО ‖ КОМУНИКАЦИСКО

  • Marija Sokolova

Abstract

Во секојдневната комуникација (писмена или усна) многу често се
забележуваат случаи кога се јавува погрешен изговор на некој збор и негова замена со
друг од паронимскиот пар, а причината е или во недоволното владеење со јазикот или
во невнимателниот однос при говорниот акт во поглед на формата и семантиката на
зборовите.
Во овој труд преку анкета ќе се обидеме да дознаеме дали македонските говорители
(студентите) ги разликуваат и знаат правилно да ги употребат паронимските парови:
соседски ‖ соседни и комуникативно ‖ комуникациско.

Published
2022-01-29