ДОАЈЕНОТ НА ТУРСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА –ИЛХАМИ ЕМИН

  • Ivana Koteva
  • Mahmut Celik

Abstract

Предмет на нашиот интерес при истражувањето кое му претходеше на овој
научен труд беше животниот и творечки пат на Илхами Емин, односно неговиот придонес во
развојот на турската книжевност во Р Македонија. За таа цел се консултиравме со литературни
дела кои нудат многу податоци, односно зборуваат за периодот во кој што живеел и творел
„поетот на турскиот народ“. Започнувајќи од неговото раѓање во градот Радовиш, неговите
бурни школски години, па сѐ до неговото творештво и успешно дејствување во разни културни
области, уште еднаш ја докажуваме неговата голема заслуга за развојот на турската книжевност
на нашиве простори. Илхами Емин понесува уште една значајна карактеристика во
творештвото, а тоа е билингвизмот. Имено, тој твори и издава паралелно и на турски и на
македонски јазик, односно неговите дела се издаваат и во Р Македонија и во Р Турција, па затоа
можеме да кажеме дека Емин досежно и естетски ги има задолжено и турската и македонската
книжевност.

Published
2018-12-29

Most read articles by the same author(s)