ЖЕНАТА ВО САЈБЕР-ПРОСТОРОТ
Abstract
Интернетот стана основна инфраструктура на секојдневната
комуникација. Тој е навистина посебен медиум кој овозможува здружување на низа
различни комуникациски облици. Сајбер-просторот е очигледен простор на
нецензурирано дејствување, со чувство на целосна слобода. Сајбер-феминизмот
означува посебен простор во сајбер-просторот. Со формирањето на новата слика за
жената и нејзината поврзаност со технологијата во сајбер-културата, за сајбер-
феминистките новите технологии отвораат нови можности за жената во економијата.
Сајбер-феминизмот како идеjа или идеал стана плодно тло за воспоставување на нов
правец или поджанр во феминистичко уметничка пракса препознатлива како сајбер-
феминистичка уметност.