УЛОГАТА НА КВАЛИФИКУВАНИТЕ ПРЕВЕДУВАЧИ ВО ГЛОБАЛИЗИРАНИОТ СВЕТ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА И ИНФОДЕМИЈА

  • Dragan Donev
  • Marija Krsteva
  • Kristina Kostova
  • Krste Iliev
  • Natalija Pop Zarieva

Abstract

Феноменот на глобализацијата веќе подолго време е присутен во речиси
сите сфери на модерното општествено живеење. Но, се чини дека оваа година по прв
пат глобализацијата се соочува една друга појава, појава каква немало во изминатите
сто години. Станува збор за новонастанатата здравствена криза од светски рамки.
Некои автори во своите трудови пишуваат за две кризи што се одвиваат паралелно
една на друга. Едната е здравствената, а другата информациската. Првата уште ја
нарекуваат пандемија, а втората инфодемија. Во овој труд најпрво ќе се потрудиме
накратко да изнесеме преглед на ставови на еминентни истражувачи од оваа областа
презентирани во нивни трудови. Понатаму ќе го анализираме влијанието од овие две
кризи, здравствената и информациската, во глобализираниот свет, како и улогата што
преведувачот ја има во справувањето со вакви кризи. Главната поента во анализава е
потребата од квалификувани преведувачи во меѓународната комуникација во време на
здравствена криза од светки рамки, во трката за што побргу да се дојде до релевантни
информации кога светот се наоѓа во информациска криза.

Published
2021-02-02

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>