Глобализацијата денес – дали „локалното” е новото „глобално”?
Abstract
Целта на оваа анализа е да се проследи растечкото влијание и трендотна глобализацијата денес. Иако глобализацијата како општествен, културени економски феномен особено беше популаризиран во последните дведецении, нeјзиниот зародиш е далеку поодамна. Во 60-тите и 70-тите годиниод минатиот век глобализацијата стана реалност, особено во западниотсвет. Тоа е период на зголемена политичка и економска меѓузависност.Настаните надвор започнаа да имаат влијание дома и обратно. Какорезултат на тоа и односите меѓу народите и државите станаа зависни одмеѓусебното влијание. Глобализацијата до одредена мера е дејствувањена далечина. Она што се случува е рапидна компресија на просторот ивремето. Познатиот американски писател и новинар Томас Л. Фридманво својата книга „Светот е рамен“ прави сеопшта анализа на историскиотконтекст и почнувајќи од моментот кога Колумбо првпат стапнува воновиот свет, па до денес, може да се издвојат три главни периоди наглобализација. Секој од овие периоди користи различни инструменти надејствување што произлегуваат едни од други.