ПРИКАЗ НА ВРСКАТА МЕЃУ РЕАЛНОСТА И ФИКЦИЈАТА ВО „СТАРЕЦОТ И МОРЕТО“ ОД ЕРНЕСТ ХЕМИНГВЕЈ
Abstract
Во овој труд се елаборирани сличностите помеѓу реалноста и
фиктивните елементи во приказната за „Старецот и морето“ (1952). Она што е
специфично за творештвото на Хемингвеј, вклучувајќи го и ова дело, е неговата
тенденција да црпи инспирација од вистинскиот живот и сето тоа да го пренесе
во приказните. Во првиот дел од трудот се опишани посетите на Хемингвеј
на Куба и теориите за тоа како Куба влијаела врз создавањето на новелата.
Понатаму, преку конкретни примери од делото се покажани инспирациите за
ликовите и локациите, како и сличностите меѓу приказот на христијанството
во новелата и христијанството во секојдневието на Кубанците. На крај се
разработени повеќе детали кои Хемингвеј ги вклучил за да напише реалистична
приказна. Преку деталното анализирање на новелата ќе се потврди тезата дека
Куба имала клучна улога во создавањето на „Старецот и морето“ (1952).