СУФИКСНОТО ИЗВЕДУВАЊЕ ВО ПРОЗАТА НА ФАИК КОНИЦА
Abstract
Зборообразувањето, иако многу важно во областа на
лингвистиката, особено во јазичното збогатување, не е соодветно обработено.
Изучувањето на јазикот на Коница во однос на зборообразувањето е обработено
многу малку или воопшто не, па затоа сметавме дека е соодветно овој труд да
вклучи проучување на овој начин на зборообразување во неговата проза.
Предмет на проучување во овој труд е суфиксното изведување во делата
на Фаик Коница: „Четири сказни од Зулуланд“, „Како ми изгледаше Албанија
“, „Др. Ѓилпера ги открива корените на драмата на Мамурас“, „Албанија -
карпестата земја на Југоисточна Европа“ и во други кратки списи.
Зборовите се групирани според начинот на зборообразување. Во овој труд
користевме разни методи на истражување: методот на истражување (читање)
и евидентирање (забележување) на соодветните зборови, методот на опис,
класификација и споредба. Заклучоците што произлегуваат од спроведените
истражувања се дека во прозата на Коница суфиксното изведување е доста
богато и продуктивно.