БИБЛИЈАТА КАКО ИНТЕРТЕКСТ ВО ДЕЛОТО „ТАТКОТО МУСА ГОЛ’’ НА АНТОН ЗАКО ЧАЈУПИ

  • Meral Shehabi Veseli
  • Luljeta Adili Cheliku

Abstract

Тргнувајќи од фактот дека Библијата е универзален интертекст,
делото на Антон Зако Чајупи ќе се разгледува низ призмата на испреплетеноста
на текстовите. Според оваа теорија, ниеден текст само по себе нема важност, секој
текст доколку се вкрстува со друг текст, добива повеќе значење и станува полесен
за конципирање. Од познатите автори на оваа теорија ќе се повикаме на теоријата на
Жерар Женет, кој одвои пет типа релации. Според тие типови, Текстот А (хипoтекст),
то ест Библијата, и текстот Б (хипертекстот) делото на Антон Зако Чајупи. Библискиот
хипотекст многу повеќе се потенцира во делото на Чајупи „Таткото Муса гол“, каде
се пародира Библијата. Книжевниот дијалог на ова дело на Чајупи е двоен дијалог,
т.е. дијалог со Библијата како канонизиран текст и дијалог со политичкиот албански
контекст од времето на авторот. Во оваа студија ќе се применува аналитичката метода,
односно ќе бидат правени споредби или ќе се определуваат односите или книжевниот
дијалог со претходниците и со Библијата. Со расплетување на применетите методи
на проучувањето на книжевноста од овој период, кои се разликуваат од целта за
постигнување на предвидените резултати, во нашево истражување се соочуваме со
различност на пристапи, за постигнување на очекуваните научни резултати, пристапи
кои се условени од карактеристиките на книжевните текстови.

Published
2023-12-07