ФОРМУЛИ ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ КАКО ВТОР СТРАНСКИ ЈАЗИК ВО РС МАКЕДОНИЈА

  • Mirjana Pachovska

Abstract

Формулите за поздравување (понатаму: ФП) заедно со формулите
за претставување се први комуникативни фразеологизми (понатаму: КФ) со кои
изучувачот на странски јазик се среќава при изучувањето на странскиот јазик. ФП
открива многу за манирите што ги има испраќачот, но и за односот што постои помеѓу
испраќачот и примачот на поздравот, како и за поводот кога се употребува. Изучувачите
на странски јазици уште во основното образование се среќаваат со различни КФ, како
во учебниците, така и на часовите по странски јазик.
Целта на ова истражување е да се испитаат видовите ФП што се среќаваат во
учебниците по германски како втор странски јазик во РС Македонија и врз основа на
ексцерпираните примери, да се направи споредба помеѓу ФП на две нивоа: во основно
и во средно образование.

Published
2023-12-20