Развивање на вештините на читање
Abstract
Една од целите на наставата по странски јазици е учениците да се оспособат да читаат различни видови на текстови на странскиот јазик, да научат како да го адаптираат стилот на читањето според целите на читањето, да ги применуваат стратегиите за читање, да го збогатуваат знаењето на вокабуларот и структурите на јазикот, да го прошируваат своето општо знаење кое ќе им овозможи полесно интерпретирање на текстовите итн. Но, за да се постигне таа цел, учениците треба да совладаат голем број вештини кои ќе им овозможат да читаат течно и со разбирање. Во овој труд се дава преглед на факорите кои влијаат врз разбирањето на текстовите при читање. Бидејќи вештините на читање се стекнуваат преку читање, се препорачува учениците да почнат да читаат уште од самиот почеток на изучување на странскиот јазик и да стекнат навика за читање која ќе им овозможи да ја подобрат способноста за читање, што од друга страна ќе придонесе за подобро усвојување на јазикот.