Односот на македонистите од 19 век кон античка Mакедонија

  • Ranko Mladenoski

Abstract

Трудот е преглед на пишувањата и тврдењата на македонистите од 19 век за постоење на жива врска меѓу античките Македонци и денешните (тогашните) Македонци. Ваквата теза се појавува поради голем број фактори што се елаборирани во текстот, но таа и денес е актуелна во македонската културна сфера и доаѓа од голем број познати и признати историчари. Главната причина, но и цел на застапувањето на ваквата идеја кај македонистите од 19 век се согледува во неопходноста од враќањето кон славното минато за да се поттикне борбениот дух на Македонците во 19 век во напорите за создавање на своја самостојна држава. Покрај тоа, во овој труд се коригира некоректниот и омаловажувачки однос на некои наши (книжевни) историчари кон големото и значајно дело на македонистите од 19 век.

References

Андоновски Христо (1995). Јужна Македонија од античките до денешните Македонци. Скопје: Македонска книга.

Донски Александар (2002/2003). Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (прв дел – фолклорни елементи). Штип: Центар за културна иницијатива.

Конески Блаже (1959). Кон македонската преродба, Македонските учебници од 19 век. Скопје: Институт за национална историја.

Македонец Атанас (1996). Претскажувањата на Голем Александар. Подготовка, предговор и транскрипција Вера Стојчевска–Антиќ. Скопје: Зумпрес.

Пенушлиски Кирил (2005). Митот и фолклорот. Скопје: Матица македонска.

Ристовски Блаже (1995). Македонија и македонската нација. Скопје: Детска радост.

Сталев Георги (2001). Историја на македонската книжевност 1800 – 1945, I дел: Македонската литература во 19 век. Скопје: Институт за македонска литература.

Тодоровски Гане (1979). Веда Словена. Скопје: Македонска книга.

Тодоровски Гане (1990). Македонската книжевност во XIX век. Скопје: Наша книга.

Тодоровски Томислав (1972). Спомените на Мажовски. Скопје: Мисла.

Published
2015-06-29