Александар III македонски во проектот „Веда словена“ на Верковиќ и Гологанов

Authors

  • Ranko Mladenoski

Abstract

Основната цел на оваа студија е да се афирмираат и да се актуализираат неколку суштински, но истовремено и нејасни и дискутабилни проблемски прашања од македонската фолклористика поврзани со местото и улогата на античко-македонскиот крал Александар III Македонски во македонското народно творештво. Станува збор, имено,за дилемите во врска со прашањето дали постојат песни за Александар Македонски во проектот „Веда Словена“ од Стефан Верковиќ и Јован Гологанов од македонскиот културен 19 век.Ние овде го потенцираме фактот дека во двете објавени книги од Стефан Верковиќ со наслов „Веда Словена“ (првата во Белград во 1874и втората во Санкт-Петербург во 1881 година) не постојат песни за Александар Македонски. Бројни македонски фолклористи ги презентираат информациите за постоење на песни за Александар Македонски што Јован Гологанов му ги предал на Стефан Верковиќ, но ниту еден од нивне ги отвора суштинските прашања за тоа колку песни Гологанов му дална Верковиќ, кои се тие песни и дали тие се сочувани или, пак, некаде објавени. Сметаме дека ваквото афирмирање и актуализирање на овие прашања ќе поттикне натамошни дискусии и проучувања кои што ќе ги разјаснат постоечките дилеми и нејаснотии за македонските песни за Александар III Македонски во проектот „Веда Словена“ на Верковиќ и Гологанов.

Downloads

Published

2013-04-12

Most read articles by the same author(s)