Александар III македонски во проектот „Веда словена“ на Верковиќ и Гологанов
Abstract
Основната цел на оваа студија е да се афирмираат и да се актуализираат неколку суштински, но истовремено и нејасни и дискутабилни проблемски прашања од македонската фолклористика поврзани со местото и улогата на античко-македонскиот крал Александар III Македонски во македонското народно творештво. Станува збор, имено,за дилемите во врска со прашањето дали постојат песни за Александар Македонски во проектот „Веда Словена“ од Стефан Верковиќ и Јован Гологанов од македонскиот културен 19 век.Ние овде го потенцираме фактот дека во двете објавени книги од Стефан Верковиќ со наслов „Веда Словена“ (првата во Белград во 1874и втората во Санкт-Петербург во 1881 година) не постојат песни за Александар Македонски. Бројни македонски фолклористи ги презентираат информациите за постоење на песни за Александар Македонски што Јован Гологанов му ги предал на Стефан Верковиќ, но ниту еден од нивне ги отвора суштинските прашања за тоа колку песни Гологанов му дална Верковиќ, кои се тие песни и дали тие се сочувани или, пак, некаде објавени. Сметаме дека ваквото афирмирање и актуализирање на овие прашања ќе поттикне натамошни дискусии и проучувања кои што ќе ги разјаснат постоечките дилеми и нејаснотии за македонските песни за Александар III Македонски во проектот „Веда Словена“ на Верковиќ и Гологанов.References
Веда Словена (1874), Български народни песни отъ предисторично и предхристиянско доба, открилъ въ Тракия и Македония и издалъ Стефанъ И. Верковичъ, Книга I., Београдъ, Државна штампария.
Веда Словенахъ (1881), обрядни песни отъ язическо врмя, Упазени со устно предание при Македонско-Родопски-те Българо-Помаци, собрани и издани Стефаномъ Ил. Верковичемъ, Книга друга, Напечатана со пожертвованна-та на Русски-те ревнители и покровители на наука-та, С. Петербургъ.
Верковиќ Стефан И. (1985), Македонски народни умотворби, книга трета: Јуначки и трапезарски песни, подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје.
Верковиќ Стефан И. (2002), Веда Словена, (Кн. 1), Словена Родопа планине из предисторичне добе, предговор Драги Стефанија: За авторството на еден еп, Macedonia Prima, Охрид.
Мојсиева−Гушева Јасмина (2004), Големата тема за Александар Македонски, во: Изгубениот хуманизам, Магор, Скопје.
Пенушлиски Кирил (2005), Александар Велики (Македонски) во македонскиот фолклор, во: Митот и фолклорот, Матица македонска, Скопје.
Саздов Томе (1976), Стефан И. Верковиќ, Современост, Скопје.
Тодоровски Гане (1979), Веда Словена, Македонска книга, Скопје.