МАКЕДОНСКИ ПОЕМИ И ЕПОВИ ЗА НАЈСЛАВНИОТ МАКЕДОНСКИ КРАЛ

  • Ranko Mladenoski
  • Tole Belcev

Abstract

Овој труд претставува анализа и елаборација на поетските
слики за Александар III Македонски што ги среќаваме во поемите и еповите
од македонската книжевност. Овде зборуваме, имено, за следните пет
македонски поеми: Во сенката на мечот (Александар Велики) од Петре
Бакевски, Александар Македонски од Пандо Колевски, На безгласје глас од
Атанас Вангелов, Александар од Иван Василевски и Карпа жива од Перица
Сарџоски. Освен тоа, во текстот се осврнуваме и на четири македонски епови
за Александар: Синот на Сонцето од Радован Павловски, Света песна од Анте
Поповски, Александрида од Петар Башески и Еп на Александар Македонски од
Радојка Трајанова.
Со интерпретацијата на овие пет поеми и четири епа се покажува дека во нив е
забележлива симбиозата меѓу историските и митолошките атрибути на славниот
античко-македонски крал. Од друга страна, како доминантни теми во поемите и
еповите се јавуваат: воениот поход на македонската војска во Египет и во Азија,
космополитизмот на Александар Македонски, неговата идеја за обединување
на светот, интерференцијата на македонската култура со многубројни култури
и народи како што се Пајонците, Хелените, Египќаните, Персијците, Евреите,
Сумерците, Асирците, Илирите, Индијците, Римјаните, денешните Македонци
итн. Во поемите и еповите воочлива е и христијанизацијата, но и исламизацијата
на Александар Македонски, а често се зборува и за илузорноста на неговата идеја
да го обедини светот. Во заклучокот од трудот се нагласува дека во македонските
поеми и епови за македонскиот крал се гради една слика со којашто тој добива
карактер на код низ кој се допираат бројни култури со што неговиот лик добива
и една вонвременска и вонпросторна димензија.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>