ПОСТМОДЕРНИСТИЧКИ СТРАТЕГИИ ВО МАКЕДОНСКАТА МОДЕРНА И ПОСТМОДЕРНА ПОЕЗИЈА

  • Dragan Donev
  • Tole Belcev
  • Dance Stefanovska

Abstract

Овој труд претставува анализа на постмодернистичките елементи и преку
него се покажува нивното присуство и пред почетокот на постмодернистичкиот
период во литературата. На почетокот на овој труд се зборува за постмодернизмот
и неговите почетоци како во светската литература, така и во македонската. Потоа
се става акцент на елементите на постмодернизмот и нивните карактеристики.
Понатаму во трудот се анализираат песни од најистакнатите поети од периодот
на модернизмот за да се докаже присуството на овие елементи и пред периодот
на постмодернизмот. Во трудот се зборува за циклусот песни „Марко Крале“
од Блаже Конески, за поезијата на Гане Тодоровски и песната „Преродба“ од
Катица Ќулавкова. Во заклучокот на трудот се нагласува дека овие елементи
на постмодернизмот се застапени и во модернизмот, односно се присутни во
историјата на книжевноста и на културата од самите нивни почетоци.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 > >>