НЕАНТРОПОМОРФНИТЕ НАРАТОРИ ВО РАСКАЗИТЕ НА ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ

  • Gabriela Miteva
  • Tole Belcev

Abstract

Во овој труд се елаборирани нараторите од неколку раскази на Драги
Михајловски, односно тоа се расказите „Сведок“ од збирката раскази „Ѓон“,
„Милтон“ и „Коле“ од збирката раскази „Триполската капија“ и „Скок со стап“
од истоимената збирка раскази. Во расказите имаме специфични наратори
кои подолу ќе ги илустрираме. За да постојат книжевните дела мора да постои
раскажување, односно нарација. Книжевната нарација е застапена во епските
книжевни дела. Преку неа се претставуваат имагинарни измислени настани.
Нарацијата секогаш се изразува преку нараторот, односно раскажувачот. Во
овој труд ќе зборуваме за веродостојното и веројатното во литературата, а исто
така ќе ги изнесеме главните алатки со кои ќе оперираме: нарација, наратор и
видови наратори. Покрај теорискиот пристап, во овој труд и практично ќе бидат
елаборирани нараторите во расказите. Синтезата ќе овозможи да создадеме
целосна слика за нараторите во расказите што ги обработуваме од прозниот
опус на Драги Михајловски.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)