НАРАТОРИТЕ И НАРАТЕРИТЕ ВО РОМАНОТ „БАБАЏАН“ ОД ЖИВКО ЧИНГО
Abstract
Овој труд со наслов „Нараторите и наратерите во романот Бабаџан од Живко Чинго“ претставува еден вид читање на романот „Бабаџан“. Структурата и содржината на романот „Бабаџан“ е презентирана со помош на елементи на наратологијата, поточно со детална анализа на нараторите и наратерите како едни од базичните структурни елементи на нарацијата, но и на наратологијата. Трудот започнува со кратки појаснувања за наратологијата како наука за структурата на раскажувачкиот текст, потоа следува објаснување на термините нарација, наратор и наратер. Главниот дел содржи детална анализа на нараторите и наратерите во романот „Бабаџан“ од Живко Чинго. Во романот „Бабаџан“ постојат повеќе видови наратори кои може да се класифицираат во неколку групи. Нараторите во романот се претставени преку ликови во книжевното дело. Како корелат на нараторите, во романот постојат и ликови-наратери. Наратерите се претставени преку неколку ликови во романот. Со помош на анализата на нараторите и наратерите може да се согледа специфичноста на овој роман за што станува збор во заклучокот на овој труд.