НАРАТОРИТЕ ВО „ЌЕРКАТА НА МАТЕМАТИЧАРОТ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ
Abstract
Трудот претставува елаборација на видовите наратори во
најновиот роман на Венко Андоновски со наслов „Ќерката на Математичарот“.
Овој роман е составен од два дела, но интересно е тоа што имаме, всушност,
два романи споени во еден или како што ги нарекол Андоновски - Голема книга
и Мала книга. Не само што дејствата од двата романи меѓусебно се поврзани и
претставуваат едно цело туку и книгите се едно, бидејќи во Големата книга се
наоѓа Малата книга. Во трудот прво се анализираат нараторите во Големата
книга, а потоа во Малата книга. Во заклучокот се нагласува дека во Големата
книга има голем број на наратори од разни видови, додека во Малата книга
доминантен е омнисцентниот наратор и тоа во двата негови вида - омнисцентен
сеприсутен и омнисцентен прикриен.