Делата на Мажовски, Цепенков и Прличев за Александар III Македонски

Authors

  • Ranko Mladenoski

Abstract

Трудот претставува преглед и анализа на мемоарскитеи книжевно-уметничките дела на Исаија Мажовски, Марко Цепенков иГригор Прличев во кои се споменува славниот крал на античка Македонија,Александар III Македонски. Станува збор, имено, за Спомените наМажовски, песната на Цепенков со наслов Мајка Македонија ги советувасвоите чеда да востанат против тиранијата на Турците, како и двеслова (беседи, говори) на Прличев – Слово на св. Кирил и Методиј иСлово одржано во Охрид во 1883 година. Овие тројца наши културни иреволуционерни дејци од 19 век се повикуваат на славата на АлександарМакедонски со цел да го поттикнат и да го зацврстат националниот,револуционерниот, но и просветниот дух на Македонците во нивнотовреме. Тоа е време кога македонскиот народ, исто како и многу другинароди на Балканскиот Полуостров и во Европа, тежнее кон создавањена своја самостојна, независна национална држава во нејзините јазични иетнографски граници.Меѓутоа, покрај ова, во наведените македонски книжевни споменициод 19 век Александар Македонски ја има и улогата на интерактивен код наразличните култури, а тоа значи дека на најславниот античко-македонскикрал, покрај националниот, му се придава и еден општ, универзаленкарактер.

Downloads

Published

2013-11-14

Most read articles by the same author(s)