Третосложниот и дистинктивниот акцент во турските говори од Охридско - Преспанскиот регион
Authors
Oktaj Ahmed
Abstract
Акцентот во турските говори од Охридско-преспанскиотрегион, во споредба со другите турски говори во Република Македонијаили со стандардниот турски јазик, е поразличен. Третосложниот акценте присутен на лексичко ниво, како и на ниво на акцентски групи. Воодредени ситуации се среќава и историски третосложен акцент. Нафункционално ниво, покрај третосложниот акцент, акцентот во ТГОПРима и дистинктивна функција. При исто фонетско опкружување,различното акцентирање, доведува до промена на значењето на зборовите.